Изгоре куќа во Велес, нема повредени
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Септември 2019
Изгоре куќа во пожар што избувна претпладне во 10 часот на улица „Јовче Чучук“ бр. 40 во месноста Јурија во Велес, но нема повредени лица. Станарите навреме ја напуштиле куќата.
Екипите на Територијалната противпожартна единици од Велес го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле да се прошири на соседните куќи.
Во гаснењето на пожарот биле активирани три противпожарни и две теренски возила и 15 пожарникари, а се вклучиле и соседите за да спречат негово ширење.
Според првичните сознанија од очевидци, во куќата имало поголема количина на пластични шишиња,но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата од полицијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс