Велешкото шумско стопанство „Бабуна“ испорачува огревни дрва

Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“, им испорачува огревни дрва на граѓани кои се пријавиле и од јануари до мај ги исплатите парите.

 

Како што информира за МИА директорката Љубенка Попова, досега се испорачани огревни дрва даб и букана на 7 до 8 илјади граѓани, а до 15 октомври треба да им се испорачаат на уште 1.800 граѓани кои ги платиле парите за огрев.

 

-Покрај големиот број шумски пожари, сепак правиме напори навреме да им ги испорачеме огревните дрва до почетокот на грејната сезона, информира Попова.

 

Таа појасни дека по овој рок во складот на ШС „Бабуна“ во Велес ќе има огревни дрва на слободна продажба и за граѓани кои не се на списокот на оние кои се пријавиле и платиле на рати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.