СДСМ: Јавниот долг денес е стабилизиран, економијата се движи напред

По сиот пустош што го остави зад себе во економијата ВМРО-ДПМНЕ денес нема никаков кредибилитет да зборува за управувањето со јавни финансии.

 

За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите од тајните и скапите задолжувања се трошеа на барок, споменици и жални врби, денес парите се насочуваат кон граѓаните и нивните потреби.

 

Реалните податоци ги демантираат лажните вести и обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ

 

Јавниот долг од 2017 година, бележи тренд на намалување. Ако на крајот од 2016 година изнесувал 48,8 отсто, на крај на јуни 2019 година тој изнесува 46,6%, што е далеку под 50 отсто како што лаже ВМРО-ДПМНЕ кои ги наведуваат од партијата.

 

За разлика од сега  кога долгот е стабилизиран, во периодот од 2008 до 2016 година јавниот долг беше брзорастечки и порасна од 23% на 48,8 отсто поради неодговорните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес државните хартии од вредност се издаваат по два три пати пониска каматна стапка, односно по поевтина цена се рефинансираат стари наследени долгови.

 

Нето задолжувањето сега е 58 милиони евра и е три пати помало во однос на она што е планирано со буџетот за 2019. Исто така, тоа е 8 пати помалку од нето повлекувањето на Владата предводена во 2012 година кога нето повлекувањето изнесувало 446 милиони евра.

 

Огромна е разликата помеѓу расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ.

 

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат еконмски раст и развој, одговорно управување со долгот и повисок животен стандард за сите.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.