Пребрзото возење причина за една недела казни да добијат 167 возачи во Тетовско

За само една недела тетовската полиција за пребрзо возење евидентирала 167 возачи кои сега ќе се соочат со мандатни казни, прекршочни платни налози и писмени опомени. Карактеристично е што надвор од населено место казни има за 112 возачи, додека во населено  место се 55.

 

-Засилените сообраќајно-контролни активности, се спроведоа во  периодот од 9 до 15 август. Најголемиот број од пречекорувањата на брзината надвор од населено место биле за 50 до 70 километри на час, а од оние во населено место за 10 до 30 километри на час. Пребзото возење и натаму е најголема причина за сообраќајни незгоди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 

Во истиот период  полициските службеници од сообраќајната полиција констатирано има и 20 други видови сообраќајни прекршоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.