Вработените од кумановската болница порачаа: Стоп за насилство врз здравствените работници

Вработените од кумановската болница, денеска спонтатно се собраа и мирно протестираа, барајќи да запре насилството врз лекарите и вработените во здравството.

 

На протестот во кумановската болница излегоа и лекарите, менаџерскиот тим, медицинскиот и техничкиот персонал кои на овој начин мирно го изразија својот револтот за нападите од страна на пациенти врз вработените во здравството.

 

-Недозволиво е какво било насилство врз здравствените работници. Доста е, порачаа вработените од кумановската општа болница.

 

Тие побараа засилено обезбедување во болницата во која нега добиваат пациентите од североисточниот регион, системско законско решение во кое ќе се вклучат засегнатите страни и клучно, нападот врз медицинарите да се смета како напад на службено лице.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.