ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов нема направено ништо за подобрување на квалитетот на воздухот

Вистината е дека Крадоначалникот Петре Шилегов е човекот кој веќе никој сериозно не го сфаќа. Шилегов лажеше пред две години кога ветуваше експресно чист воздух, лаже и сега.

 

Шилегов не кажа ниту збор за кратењето на парите од Владата наменети за загадување.

 

Петре Шилегов две години е крадоначалник, а нема направено ништо за животната средина и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

 

Лани во зимскиот период воздухот во Скопје беше помеѓу најзагадените во светот. Повторно исто ќе биде и оваа година затоа што Шилегов не презема ништо.

 

Шилегов и Макрадули треба да сфатат дека им преостана уште малку време за да направат нешто за граѓаните.

 

Шилегов наместо да посетува улица на кои се врши редовна реконструкција да ги засука ракавите и да сработи нешто.

 

Скопјани не треба да ги трпат последиците од неодговорноста и неспособноста на Шилегов.

 

Реакција на изјавата на Петре Шилегов и Јани Макрадули

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.