Костадинов: Што е тоа што Мицкоски не сака јавноста да дознае за „Рекет“

Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“?

 

Наместо да шири лажни вести, тој е должен да излезе пред јавноста и да одговори:

  • Дали Орце Камчев, тајкун излезен од  режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО, е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?
  • Дали станува збор, за изборната кампања за последните претседателски избори?
  • Дали знае да одговори Мицкоски колку  тоа го чинело Камчев односно неговите фирми финансирањето на изборната кампањата?

 

Одговор може да даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев како потписник на сметката на партијата.

 

Граѓаните, јавноста очекуваат одговори на овие прашања.

 

Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.