Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул

Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.

 

Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски.

 

Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион.

 

Бројот на турски туристи во периодот јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања 96.325. Според бројот на гости и ноќевања, Турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.