Груби оствари средби и во американскиот Стејт Департмент

За време на неговата посета на САД, Претседателот на Комисијата за европски прашања и Групата за пријателство со САД, воедно и Организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција, г. Артан Груби престојуваше во Американскиот Стејт Департмент каде оствари работна средба со г. Даниел Костеланцик, Директор на Канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт департментот.

 

Соговорниците разговараа отворено за политичките случувања во Северна Македонија, системските реформи, владеењето на правото, борбата против корупцијата, ратификувањето на протоколот за членство во НАТО и датумот за почнување на преговорите со Европската унија, како и внатрепартиските реформи во Демократската унија за интеграција.

 

Груби изрази благодарност до Соединетите Американски Држави за силната поддршка за Северна Македонија за нашиот евроатлантски пат, владеењето на правото и системските реформи.

 

Груби зборуваше за двостепениот процес предложен од ДУИ за проверка на интегритетот на функционерите, т.н. ветинг, како начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

 

Предмет на проверка на интегритетот би биле политичарите, носителите на јавните функции, обвинителите и судиите.

 

Соговорниците разговараа и за заокружување на процесот на нашето членство во НАТО и за отворањето на пристапните преговори со Европската унија што нашата земја ги заслужува.

 

Г. Груби ја истакна и посветеноста на ДУИ да се ангажира за неселективна правда, донесување на Законот за јавното обвинителство и општо владеењето на правото.

 

На средбата се разговараше и за процесот на внатрепартиските избори во ДУИ и изготвувањето на новата партиска програма.

 

Г. Груби оствари средба и со американски сенатори и конгресмени во рамките на посетата на САД организирана од Стејт департментот, Републиканскиот Институт (ИРИ) и Институтот за претставување на Владата (ИПГ) во САД за подобрување на транспарентноста и борбата против корупцијата.

 

Комисија за европски прашања

 

Собрание на Република Северна Македонија





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.