Реконструкција на патот Фариш-Дреново, тендер за десетина дена

За десетина дена ќе се распише тендер за реконструкција на делницата Фариш-Дреново.

 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска најави дека на постоечката делница ќе се реконструираат најоштетените делови во должина од 10 километри и дека тендер треба да се распише за десетина дена.

 

Одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Договорот со ЕБОР за финансирање проект за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарина долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци-Штип, за изградбата на новиот експресен пат од Градско до Прилеп, односно делницата Фариш-Дреново, појасни дека и за него ќе се бара нов изведувач, откако е раскинат договорот со шпанската компанија „Рабау“.

 

Средствата и за овој проект се обезбедени од ЕБОР, од каде е добиена согласност за раскинување на договорот.

 

Како што рече Китанов шпанската компанија побарала раскинување на договорот поради неисплатена последна фактура, што, како што вели, не е пракса никаде. Од наша страна, како што посочи, е побарано раскинување поради недоставување програма за работа, слаба реализација и напуштање на градилиштето. Тоа ќе се докажува на арбитража.

 

Во меѓувреме, информира тој, формиран е друг тим кој прави технички пресек за сработените 35 отсто од страна на шпанската компанија и оти има позтиивнен сигнал за останатите 65 отсто да се направи тендер кој, како што рече ќе биде со поригорозни критериуми и се очекува работата да отпочне во средината на март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.