Светски ден на Алцхајмеровата болест

Светскиот ден на Алцхајмеровата болест ќе биде одбележан денеска во Скопје, со порака заеднички да влијаеме кон подигнување на јавната свест за болеста, која што ја нарекуваат епидемија на 21 век. 

 

Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ со почеток во 12:00 часот. На настанот ќе присуствува и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

 

Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест  – 21 септември се одбележува по иницијатива на СЗО од 1994 година со цел да се подигне свеста за ова заболување, кое се шири и зема се поголем замав во светот. Според некои податоци секој 68 секунди некој во светот развива Алцхајмерова болест.

 

Тоа е болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60 отсто од дементните заболувања. Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.