Апсења, кражби, сообраќајки, каснувања од кучиња... е билансот во дневниот Билтен на МВР

На 20.09.2019 во 13:50 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“ во Скопје од слобода го лишиле С.Д.(24) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје. При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, три дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба во обид“, против С.С.(49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „помагање“ и против Ѓ.Б.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „поттикнување“. Во периодот од 11 август до 9 септември 2019, пријавениот одземал пари ,мобилни телефони и други вредни предмети од куќи и апартмани во Охрид. За време на извршувањето на кражбите, второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.

Вчера во 11:15 часот на крстосница од магистралниот пат Штип-Делчево и ул.„Гоце Делчев“, на влез во с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(37) од Кочани и мотоцикл „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Соколарци, кочанско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Вчера во 13:00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Е.Г.(63) од Скопје пријавила дека во 10:30 часот на ул.„Тоше Проевски“ во Скопје била касната од куче скитник за десната нога.

Вчера околу 19:00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од јануари до септември 2019 пријавениот, како управител на деловен субјект од Скопје, кое со Централниот регистар на Р.С.Македонија ималосклучено договор за користење на дистрибутивниот систем, недозволено автоматизирано извршувал системски команди кои му овозможувале за исти производи и исти податоци од претходно направените нарачки да прави нови нарачки во позадински систем и од него да добива нови податоци. Притоа, тој целосно ги заобиколувал контролите за наплата, односно податоците од нарачките ги добивал без надомест, со што го оштетил Централниот регистар на Р.С.Македонија за 33.402.238 денари.

Вчера во 10:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје. Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 11:30 часот во Полициската станица Аеродром, Х.Д.(26) од Скопје пријавила дека на 19.09.2019 во 17.40 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје била касната од куче скитник за левата рака.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.