СДСМ: За „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ да ги праша Груевски и неговиот кум, а потоа да одговори – Дали Камчев финансирал изборна кампања?

На ВМРО-ДПМНЕ веќе му стана пракса веднаш кога ќе се открие криминал во нивните редови, да измислуваат случаи и неосновано да обвиниуваат други лица.Сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Диамед“, стојат токму Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал.

 

Официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако.

 

За фирмата „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски.Наместо да си ја ишка мувата од капата од овој случај, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на јавно поставеното прашање:Дали, тајкунот произлезен од режимот и обвинтен во предмети на СЈО, Орце Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори?

 

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.