Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја.

 

Првиот земјотрес е регистриран во 16:04 часот по локално време со магнитуда од 5.8 по Рихтер и епицентар во Јадранско Море на длабочина од десет километри, на  шест километри од Драч и 34 километри од Тирана. Вториот земјотрес бил во 16:15 со магнитуда од 5.5 по Рихтер со епицентар на длабочина од три километри и на седум километри од Драч.

 

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-Скопје соопшти дека првиот земјотрес, кој е на 190 км  југозападно од Скопје, е со Рихтерова магнитуда од  5.6 и беше почувствуван од населението во западните делови од државата со интензитет од IV до V степени, а во останатиот дел со интензитет од III до IV според Европската макросеизмичка скала.

 

Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.