СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја брка мувата од капата, туку да каже за Орце Камчев

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја брка мувата од капата со криминалниот тендер на „Диамед“ преку лажни обвиниунвања и извртувања на реалноста.

 

Сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Диамед“, стојат токму Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал.

 

Официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако.

 

За фирмата „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски.

 

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да конструира лажни случаи во здравството. Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваше за криминал и незаконски постапки, за на крајот да излезе  Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и да соопшти дека јавните набавки во здравството се кристално чисти по што се прекинати предистражните постапки.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Микцоски треба да престанат да ја замајуваат јавноста и да одговорат на прашањата што со денови им се поставуваат:

 

Дали, тајкунот произлезен од режимот и обвинтен во предмети на СЈО, Орце Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори?

 

Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.