„Зборовите имаат тежина” меѓу најдобрите 25 проекти на BalCannes во регинотот за 2019 година

Комуникацискиот проeкт „Зборовите имаат тежина” креирана од Идеа Плус Скопје е прогласена за една од 25-те комуникациски проекти за 2019 година на годинешниот BalCannes, во рамките на дванаесетото издание на Weekend Media Festival, што се одржа во Ровињ од 19-21 септември годинава.

 

Пристигнатите проекти ги оценуваше и селектираше стручно жири составено од претставници на адвертајзинг агенциите, претставници на медиумите и претставници на оделите за комуникации и маркетинг од компаниите од регионот. Од вкупно пристигнати 115 проекти стручното жири ги одбра овие проекти како најдобри во регионот за оваа година.

 

Комуникацискиот проект „Зборовите имаат тежина“ е посветен на одговорно родителство и е дел од кампањата „И родителството се учи“ што УНИЦЕФ ја спроведува во земјава, заедно со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за здравство.

 

Акцентот на кампањата „Зборовите имаат тежина” е ставен на вербалното и психичкото насилство врз децата и влијанието врз нивниот ментален развој. Целта е да се подигне свеста на родителите и пошироката заедница за негативните ефекти врз здравјето и развојот на децата од вербалното насилство, злоупотребата и запоставувањето.

 

Во рамките на кампањата се одржуваат и „Разговори за родителство“ во повеќе градови низ земјата што ги водат експерти од областа, а сите заинтересирани можат да најдат материјали и совети и на интернет страницата http://www.roditelstvo.mk.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.