Димче Арсовски: Боки 13 повикан на распит дури по пет месеци

Поминаа 5 месеци и дури сега беше повикан на распит првоосомничениот во случајот РЕКЕТ, Бојан Јовановски Боки 13.

 

Непрофесионалниот однос кон истрагата на Русковска обвинителството доведе до развлекување на целата истрага и доведе до невиден хаос во целата истрага.

 

Откако јавноста беше запознаена дека Боки 13 секој втор ден беше носен на клиника на прегледи каде што јавноста отворено се сомневаше дека таму има средби со одредени луѓе од истрагата инволвирани во случајот, затоа главното прашање кое што денеска сакаме да го поставиме е следното: Кој го замолчи денеска Бојан Јовановски алијас Боки 13 да не даде исказ во истрагата?

 

Кој од врвот на власта се плаши од вистината која што може да ја каже Бојан 13?

 

Кој од врвот на власта се плаши од исказот на Боки 13 да ја каже вистината?

 

Со што е уценуван Боки 13 да замолчи и да не го даде својот исказ денес?

 

После сето ова се гледа Русковска свесно ја води истрагата под палка на Зоран Заев.

 

Сведоци сме изминатиов период на низа неправилности во целата истрага додека ја води Рускоска обвинителството. Сведоци сме дека низ медиумите излегуваат мал милион докази, документи и записи од истрагата, каде што се гледа дека намерно и свесно се прикрива целата истрага.

 

Очигледно е дека истрагата на обвинителството за случајот „Рекет“ доцни повеќе од 5 месеци, а тоа се со една и единствена цел, да се прикријат нарачателите и доказите за целиот случај.

 

Боки 13 денеска беше свесно замолчен за да ги прикрие вистинските нарачателите на милионскиот рекет кој е можеби најголем скандал во историјата на Република Македонија.

 

Вистината мора да излезе на виделина и верувајте дека ќе излезе на виделина.
Во случајот РЕКЕТ ќе одговараат и ќе ги сносат последиците кога ќе се смени власта во Република Македонија.

 

Во моментот на Република Македонија и е потребна обнова на Македонија и таа многу набрзо ќе дојде после парламентарните избори каде што СДСМ ќе падне.

 

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.