Костадинов: Мислењето на Венецијанската комисија сѐ уште не е официјално

Мислењето на Венецијанската комисија сѐ уште не е официјално, комуникацијата на ниво на институции продолжува.

 

Ова го изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, запрашан за коментар во врска со драфт верзијата од Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците.

 

„Непринципиелно е да коментираме драфт верзија, секако мора да оставиме Венецијанската комисија официјално да излезе со нејзиното мислење, потоа ќе може да коментираме. Зошто не го коментираме? Од причина што сеуште постои комуникација помеѓу институциите и Венецијалнската комисија во однос на насоките, мислењата, а со тоа се потврдува дека може да претрпи промени до официјалното објавување на нивното мислење, секако ќе оставиме простор да излезе официјалното мислење на Венецијанската комисија, а потоа ќе можеме конкретно да ги коментираме нашите ставови“, рече Костадинов.

 

Според драфт верзијата, Венецијанската комисија има забелешки и бара законот да се ревидира без користење на скратена собраниска постапка бидејќи, како што е наведено, иако се унапредува албанскиот јазик, на институциите им се наметнуваат нереални правни обврски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.