Џоли за разводот со Бред Пит: Не можев да се препознам

Актерката Анџелина Џоли досега не говореше јавно за разводот со Бред Пит, но неодамна за францускиот магазин „Мадам Фигаро“ објасни колку ѝ било тешко додека минувала низ тој процес.

 

„Разводот беше навистина комплициран. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознам, како да изгубив дел од себе. Станав помала, неважна, иако тоа не го покажував“, изјави актерката, која од Бред се разведе пред три години.

 

„Бев длабоко и вистински тажна, повредена. Од друга страна, беше интересно чувството на понизност и безначајност“, раскажа 44-годишната актерка.

 

На почетокот на септември Бред истакна дека по разводот со Анџелина, одлучил да го остави алкохолот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.