Стоилковски: Заев нека провери дали 45 дена пред редовните влегуваат во делот на предвремени избори

Зоран Заев да провери дали 45 дена пред регуларните избори влегуваат во оној дел на предвремени избори, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека предвремени избори би се одржале 45 дена пред редовните, односно кон крајот на октомври идната година.

 

Стоилковски рече дека Заев треба да престане да ги лаже граѓаните дека средбите коишто ги организира се за добриот рејтинг на партијата.

 

„Доколку верува дека има добар рејтинг, верувам дека не би му пречело да организира предвремени парламентарни избори. Но едно е сигурно дека Зоран Заев и неговите лажливи политики губат. Еве ги сведочењата ги слушнавме, нема 300 пилоти во Арачиново, нема ниту канализација во Арачиново, а веќе влегуваме во изборна година“, нагласи Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.