Католички свештеници обвинети за педофилија наоѓаат засолниште во Скандинавија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 08 Октомври 2019
Католичката црква во претежно лутеранските Норвешка и Шведска е во опасност да биде вовлечена во меѓународниот скандал што вклучува обвиненија за злоупотреба на деца против католички свештеници, пренесува „Спутник“.
Најмалку двајца свештеници за кои се смета дека биле вклучени во педофилија во САД не само што продолжиле да работат во Скандинавија туку и таму се обвинети за слични злосторства, пренесува националниот радиодифузер СВТ.
Еден од свештениците бил активен во три различни католички парохии во Гери, Индијана, во 80-тите години и бил посочен како „веродостојно обвинет“ за злоупотреба на шест деца. Бидејќи внатрешната истрага на црквата никогаш не била предадена на полицијата, свештеникот безбедно бил преместен во Шведска во 2000 година.
Портпаролката на шведската католичка црква, Кристина Хелнер, потврди дека свештеникот работел во Гетеборг и во Фалун. Таму бил обвинет за сексуален напад, овој пат против жена. Католичката црква во Шведска никогаш не ги пријавила обвиненијата во полиција бидејќи жената не сакала да сведочи.
„Тоа е харизматичен свештеник кој мисли дека има лековити сили. За време на таква исцелителна сесија тој ја малтретирал “, рече Кристина Хелнер за СВТ.
Свештеникот, кој сега има 78 години, негира дека тоа се случило.
Вториот свештеник доаѓа од Југоисточна Азија и бил ракоположен во Осло, Норвешка, каде што работел неколку години. Кога бил свештеник во Сан Бернардино, Калифорнија, во 1993 година, тој бил пријавен поради секс со малолетничка, но полициската истрага била затворена кога девојчето одбило да сведочи.
Свештеникот бил принуден да се повлече, но се преселил во Малме, Шведска, во 2003 година, каде што работел една година. Таму тој бил обвинет дека малтретирал маж од црковnата заедница, но делото сепак никогаш не било пријавено.
Бискупот на Католичката црква во Норвешка, Бернт Ејдсвиг, изјави за националниот радиодифузер НРК дека еден од обвинетите е осомничен за сексуална злоупотреба во Норвешка во 80-tiте години. Потоа, тој го сменил своето име и веќе не е активен свештеник.
Католичката црква во Шведска брои приближно 1,5 отсто од населението. Се проценува дека во Норвешка има 230.000 католици, што ја прави најкатоличка нација во Северна Европа. Во последните децении, до Католичката црква биле поднесени пријави за злоупотреба за стотици свештеници.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс