6 локални граѓански организации добија грантови за активности во партнерство со општините и училиштата

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија додели грантови на 6 локални граѓански организации за спроведување активности во партнерство со општините и со училиштата.

 

- „Хендимак“ од Тетово за адаптација на тоалет во СОТУ „Гостивар“ од Гостивар пристапен за ученици кои користат инвалидски колички, и за реализација на инклузивни активности за спорт и рекреација за ученици со попречености во СОТУ „Ѓоце Стојчески“ во Тетово;

 

- „Сината птица“ од Карпош за опремување сензорна просторија во ОУ „Вера Циривири Трена“ од Карпош и организирање на обука за наставниците и за стручните служби од сите основни училишта во општината;

 

- „Инклузива“ и „Порака наша“ од Куманово за наменско опремување на инклузивно игралиште кое заедно ќе го користат деца со попреченост и деца со типичен развој;

 

- „Мобилност“ од Велес за набавка на едукативни и дидактички материјали во неколку основни училишта и детската градинка во општината и за обука за инклузивна образовна пракса на наставниците и членовите на стручните служби;

 

 - „Вера“ од Струмица за обезбедување ресурси за учење за учениците со различни видови потешкотии во учењето и едукација за нивно користење наменета за училишниот кадар во училиштата во општината.


Поддржаните проекти, покрај унапредувањето на инклузивната практика во училиштата, се од полза за целокупната локална заедница, особено за лицата со попречености од сите возрасти. Сите проектни активности ќе бидат целосно завршени до крајот на 2019 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.