Русковска пристигна на рочиштето за притвор на потпретседателката на „Меѓународен сојуз“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Октомври 2019
Обвинителката Вилма Русковска пристигна во судот каде се очекува да почне рочиштето за притвор за осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски.
Таа е една од осомничените во новата истрага за „Рекет“ што денеска ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Истражната постапка ќе се спроведува против пет физички лица и едно правно лице.
Покрај Мандиќ, меѓу осомничените е и Фросина Ременски почесна претседателка на невладината на Боки 13 и функционерка од СДСМ за која Обвинителството бара да и биде одземен пасошот или редовно да се појавува во судот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс