Во кривичниот суд повикани новите осомничени за „Рекет“

Денеска ќе бидат повикани во судот останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Бојан Јовановски, „Меѓународен сојуз“, откако вчера заменик-претседателка на невладината, Јасна Мандиќ, беше донесена во кривичниот суд, при што ѝ беше определена мерката куќен притвор.

 

Од кривичниот суд преку соопштение синоќа информираа дека лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, се повикани во текот на денешниот ден да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

 

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно соопшти дека истрагата е проширена и донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице.

 

Денеска ќе биде поднесено и обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Вилма Русковска кажа дека за најновата истрага не биле користени ПИ-мерки и дека ќе бара продолжување на притворот за Јанева, Јовановски и Милески.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.