Русковска бара да се одземат пасошите на осомничените

Утре ќе бидат повикани во судот останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13) рече обвинителката Вилма Русковска.

 

 

Таа бара од судот да им биде одземен пасошот, еднаш неделно да се јавуваат во судот и да им биде изречена забрана да го напуштаат Скопје.

 

Утре ќе биде поднесено и обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

 

„Завршените вештачења на одземените предмети даваат клучни докази. Зборувам за обвинението кое утре ќе го поднесувам и тие осомничени. Пронајдовме многу битни докази“, рече обвинителката.

 

Русковска кажа дека за најновата истрага не биле користени ПИ мерки и дека ќе бара продолжување на притворот за Јанева, Јовановски и Милески.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.