Мицковски: „Ќе поднесам оставка ако ги изгубам изборите“

„Ќе поднесам оставка ако ги загубам изборите и ако не успеам да составам Влада“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во интервју кое ќе биде објавено утре во 18 часот на „Макфакс“.

 

„Се разбира, да. Ќе понесам одговорност доколку тие избори бидат фер, транспарентни, да, ќе понесам одговорност и ќе поднесам оставка. И не само тоа. Ќе одам и чекор понатаму. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност“, рече Мицковски.

 

Лидерот на партијата одговараше на прашања за тоа дали има допирни точки со преносот на снимките од домот на Орце Камчев во Будимпешта, каде што тој престојуваше, дали се среќавал со Орце Камчев, дали Зоран Милевски Кичеец му предал снимки за случајот со центрите за дијализа, колку финансиски тежи партијата, за предметот во антикорупциска со хидроцентралите...





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.