Арсовски: Ременски мора да се повлече од функцијата пратеник

Под притисок на јавноста, русковска-обвинителството дури по шест месеци собра храброст да преземе мерки против Фросина Ременски, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

 

Опозицијата изрази сомнеж дека периодов истрагата се развлекувала со цел да се избришат трагите кои водат до премиерот Зоран Заев.

 

„Цели шест месеци од јавното обелоденување на обвинителско-медиумско-политичко рекетарските шеми на Заев, Ременски беше оставена да ги извршува и партиските функции, но и функцијата потпретседател на Собранието. Цели шест месеци на Ременски ѝ беше оставена можност да влијае и на сведоците и на истрагата и на сите други процеси во државата, практично да уценува со својата позиција. Фросина Ременски мора да се повлече од функцијата пратеник за да овозможи истрагата да се одвива без никакви влијанија“, рече Арсовски.

 

Додаде дека Фросина Ременски има моќна позиција и може да влијае и преку нејзиниот сопруг кој располага со класифицирани информации и државни тајни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.