Заев го пречека словенечкиот премиер Шарец: Јасна поддршка од Словенија за позитивна одлука од Советот на ЕУ

Претседателот на Владата, Зоран Заев е домаќин на Марјан Шарец, претседателот на Владата на Република Словенија, кој пристигна во работна посета на нашата држава.

 

По пречекот пред Владата и тет а тет средбата на премиерите Заев и Шарец, делегации на владите на двете земји, предводени од премиерите на двете држави, имаат билатерална средба.

 

На состаноците е соопштена јасна поддршка од Република Словенија за позитивна одлука на Советот на ЕУ овој месец и почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската унија.

 

Премиерот Заев се заблагодари на словенечкиот премиер Шарец за традиционалната, искрена и посветена поддршка што ја дава Словенија на нашата држава во сите демократските процеси од независноста на нашата држава, како и остварувањето на стратешките цели, како што се евроатлантските интеграции.

 

На средбата е констатирано дека Република Словенија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија и дека во претстојниот период, нашата земја уште поактивно ќе соработува со Словенија, за употреба на позитивните применливи искуства за европскиот напредок на државата. Оценето е и дека билатералните односи меѓу двете држави се интензивирани и дека тој тренд ќе продолжи со придобивки за граѓаните на двете земји.

 

По билатералната средба, предвидени се изјави за медиумите на двајцата премиери, по што е организиран и ручек во чест на премиерот Шарец.

 

Според планираното, словенечкиот премиер Шарец ќе се сретне и со претседателот на Собранието,Талат Џафери.

 

Во рамки на работната посета на премиерот Шарец, предвидена е и средба на премиерите Заев и Шарец, со припадници на граничната полиција, вклучително и со контингентот на словенечката полиција на јужната граница со Гевгелија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.