ДОМ со Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во Центар

Зелената партија ДОМ иницираше Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје под мотото: Сакаме „Даме Груев“ да биде зелена улица!

 

Повод за Петицијата е најавата за нејзино претворање во сообраќаен булевар на потегот од „Палома бјанка“ до „Макотекст“, при што би се отстраниле повеќе дрвја, би се намалила пешачката и велосипедската патека, а би се зголемил бројот на автомобили, буката и сообраќајниот метеж.

 

Зелената партија ДОМ ги повикува граѓаните да се приклучат на иницијативата, во интерес на заштита на животната средина и квалитетен живот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.