Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари.

 

Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“, во четвртокот беше пренесена во клиниката „Жан Митрев“ поради висок крвен притисок и влошена општа здравствена состојба. Таа е во притвор од 21 август.

 

Освен Јанева, во случајот „Рекет“ обвинети се и Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Според обвинението, Јанева ја искористила и ги пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.