Стоилковски: Компаниите на Заеви должат 400.000 евра данок

„Еленица“ и „Дравас Инжинеринг“ се двете најголеми компании на Заеви, а должат на државата над 400.000 евра данок, додека компаниите на Заеви им вртат 56 милиони евра годишно, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

 

„Замислете компанија која што не би била блиска до власта и зад себе нема политички функционер, како што е Зоран Заев, колку даночни инспектори досега, колку инспекции и колку блокирања на сметки и други зафати ќе доживее, зафати кон ништење на бизнисот.

 

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират. Фирмите на Заев добија дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“ по цена на една гарсониера, за 40.000 евра добиваат проекти за градба на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе. И тоа не е се. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица не е можен, ако во тоа немаат интерес компаниите на Заеви.

 

Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, пример за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. Тоа се најмалку неколку десетици причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, акционери на компании, има можност за корупција.

 

Македонија ја тресат скандали и афери поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото делување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана, сите поврзани со фирмите на Заеви.

 

Бараме сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови во државата кон лични цели.

 

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување на политичари во компанија кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.