Царовска: Кавадарци доби нов простор за згрижување на 125 деца во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска го пуштија во употреба проширениот дел од градинката „Снежана”. 

 

Со доградбата на овој објект, но и со доградбата на градинката „Детелинка“, Кавадарци добива дополнителен простор за згрижување на вкупно 125 деца.

 

„Нашата цел, како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, посебно во другите градови низ Северна Македонија и во руралните места бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата“, изјави министерката Царовска во Кавадарци.

 

Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека со последните проширувања бројот на деца на листа на чекање е нула.

 

„Новиот дел на Снежана е со површина од 187 метри квадратни и градинката место претходните 9 занимални сега има 11, со тоа вкупниот капацитет се згоемува на 178 деца”, рече Јанчев. Покрај доградбата на „Снежана” доградба е направена и на градинката „Детелинка“, каде што има дополнителен простор за згрижување на 87 деца во 5 воспитно згрижувачки групи. Со доградбата на објектот „Детелинка“ вкупниот  капацитет ќе биде за 225 деца до 6 годишна возраст, кои ќе бидат опфатени во 14 воспитно згрижувачки групи.

 

Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите, кај вработените во градинките платите се зголемија за 21%. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.