И германската бизнис-заедница бара датум за преговори за Скопје и Тирана

По политичарите, и германските бизнисмени изразија поддршка на процесот на проширување на Европската Унија и повикаа за започнување на преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија.

 

Германскиот бизнис-сектор стравува дека пролонгирањето на нова одлука ќе го наруши проевропскиот курс на земјите од Западен Балкан.

 

Раководителот на Источниот комитет на германската економија, Михаел Хармс, во интервју за „Ројтерс“ предупредува за тешки последици ако одлуката одново се одложи.

 

„Колку подолго се пролонгира толку поразочарани ќе бидат граѓаните на ЕУ“, вели Хармс.

 

Министрите на ЕУ вчера не успеаја да постигнат договор за започнување на пристапните преговори со Скопје и Тирана. Одлуката за земјава ја блокира Франција, која бара реформа на преговарачкиот процес.

 

„Стравуваме и од популистички и други движења во тие земји“, додава Хармс.

 

Тој посочува и дека станува збор само за почеток на преговорите, а дека членството ќе настапи дури откако двете земји ќе ги исполнат сите критериуми.

 

Германските фирми веќе имаат многу инвестирано во Северна Македонија, а земјата се развива политички и економски, пренесува агенцијата „Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.