СДСМ: Со убедлива победа Мицкоски се силеше и на предходните избори

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата, соопшти СДСМ.

 

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не може да понудат ништо, освен блокади и деструкција, тие беа единстевните што работеа против ЕУ и НАТО, единствените што се радуваат на историската грешка на самитот во Брисел.

 

Во страв од извесниот пораз на изборите на 12 април Мицкоски зборува за наводни анкети и негова предност, а во реалноста сите релевантни анкети покажуваат дека коалицијата предводена од СДСМ е фаворит на изборите кога и да се одржат тие.

 

Со убедлива победа Мицкоски се силеше и на предходните избори, но граѓаните ја победуваа неговата деструктивна матрица. Така беше на референдумот, на претседателските и на вонредните локални избори во Охрид и Ново Село, така ќе биде и на изборите на 12 април.

 

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ по години посветени на ширење поделби, омраза и национализам, денес да зборува за подготвеност за вклучување други партии во коалицијата, вклучително и албански.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се прочитана книга, затоа ќе изгубат и на следните предвремени парламентарни избори на 12 април в година“, се вели во партиското соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.