Мицкоски: На лидерската предложив да формираме техничка влада од оваа недела, но Заев одби

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Прилеп изјави дека народот на 12-ти април ќе го извади црвениот картон и ќе стави крај на владата на Зоран Заев. Тој рече дека на лидерската средба предложил изборите да се одржат порано, меѓутоа Заев го одбил неговиот предлог.

 

„На средбата со државниот врв предложив од оваа недела да формираме техничка Влада и да продолжиме да ги броиме 100-те дена, а потоа ќе има избори, но Заев одби“, изјави Мицкоски од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, каде се обрати по повод Денот на македонската револуционерна борба.

 

Тој заклучи дека сегашната власт ги усовршила и махерски ги надминала кон полошо сите работи што ги плукала кај претходната власт.

 

„Заев паѓа зашто тргуваше со Македонија. Затоа што го даде она што на сите ни е свето, но за возрат не се доби ништо. Заев паѓа зошто смени име и идентитет без да го слушне народот“, рече Мицкоски.

 

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека криминалот е голем и извира од врвот на власта, а за три години ниту еден криминалец не е зад решетки. Лидерот на опозицијата, во своето обраќање, обвини дека владата ги измамила земјоделците, и ги уништила здравството и образованието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.