Почнува зимското сметање на времето - стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 26 Октомври 2019
Викендов почнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот в сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад.
Зимското сметање почнува во 3 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде 2 часот по полноќ.
Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година.
Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс