Совет на амбасадори: Рано е за изборна кампања, таа треба да престане

Здружението за меѓународна политика ,,Совет на амбасадори” смета дека е прерано започната

кампањата за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април 2020

година и апелира без понатамошно одложување таа да престане.

 

„Одржувањето на секојдневни митинзи и говори на лидерите на политичките партии во овој

период може да придонесе кон зголемување на политичката конфронтација во општеството и

дополнително да ги продлабочи општествените поделби“, се вели во соопштението.

 

Оттаму Советот на амбасадори смета дека партиите треба да престанат со одржувањето

митинзи и говори се до официјалниот почеток на изборната кампања, во март следната година.

 

Политичките партии и лидери треба својата енергија во овој период да ја насочат кон

спроведување на потребните реформи за осварување на стратешките цели на земјата, како што

се членството во НАТО и добивањето датум за започнување преговори за членство во ЕУ.

 

Советот на амбасадори смета дека е време ефективно да се искористи подршката од САД и од

земјите членки на ЕУ за интензивирање на реформите и соработката со соседите, со цел веднаш

по добивањето датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ да се затвораат

поглавјата со што побрза динамика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.