Пендаровски-Матарела: Прифатен е предлогот на Италија повторно да се отвори прашањето за пристапни преговори

Претседателот Стево Пендаровски, денеска,престојува во официјална посета на Република Италија.

 

Пендаровски во Рим на официјална церемонија беше пречекан од страна на италијанскиот претседател, Серџо Матарела.

 

Двајцата претседатели остварија тет-а-тет средба по што следуваше и пленарен состанок со официјалните делегации на Северна Македонија и Италија.

 

Пендаровски на средбата се заблагодари за постојаната отворена поддршка на Италија за нашите, како што рече, стратешки цели - членството во ЕУ и НАТО.

 

Во оваа насока од италијанска страна го информирале претседателот дека е прифатена иницијативата на Италија за вонреден состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, на кој повторно ќе се отвори прашањето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

 

Пендаровски додаде дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и НАТО е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

 

На средбата меѓу претседателите Пендаровски и Матарела се разговарало и за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што се констатирало дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог кој може да придонесе за зајакнување на трговската размена, соработка меѓу бизнисите и збогатување на економската соработка, информираат од претседателскиот кабинет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.