Мицкоски пред австрискиот амбасадор како најголем проблем го посочи криминалот на високи државни функционери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, оствари средба со австрискиот амбасадор во земјата, Георг Вуцас.

 

Како што информираат од опозициската партија, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања, македонската европерспектива, стратешките определби на државата и предизвиците со кои се соочува земјата.

 

Мицкоски потенцирал дека основната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија е членството во Европската Унија, односно европеизација на државата и достигнување на западните стандарди.

 

Тој како предизвици со кои се соочува државата ги посочил криминалот и корупцијата на високи државни и партиски функционери од власта.

 

„Неказнивоста на случаите на висока корупција е голем проблем. За 'Рекет 1' и 'Рекет 2' и други случаи на висока корупција сè уште нема правна завршница. За да се врати владеењето на правото во Македонија, потребни се суштински реформи во правосудниот систем, реформи што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе кога ќе ја преземе власта во Македонија“, порачал партискиот лидер на средбата.

 

Соговорниците се согласиле дека се одлични односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Австрија и Република Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.