Мицкоски од Крушево: Доста е од овој срам по принципот „мало сутра“

Во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија - Проблеми, решенија и програма“ во Крушево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им порача на присутните дека е време СДСМ да замине и дека тие нема да бидат како Заев, кој, како што вели Мицкоски, ветил се освен можеби бесмртнос.

 

„Доста е од овој срам по принципот „мало сутра“ доста е од овој срам по принципот на тепсијата којашто останала изедена, доста се овие простатилоци, декаденции. Нас ни треба иднина, визија, нас ни треба план, а планот доаѓа со обновата за Македонија, затоа е многу важно секаде на плоштадите, на улиците, домовите, на работните места секаде без исклучок да ја најавиме победата на „Обновата на Македонија“. Тоа е победата на народот, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независна Македонија, на најголемата коалиција во историјата на независна Македонија, а тоа е коалицијата на народот со ВМРО-ДПМНЕ и „Обновата на Македонија“.

 

Сите оние браќа и сестри коишто ви велат дека невозможно е да се вратат некои работи тие се жртви на пропагандата, на политичките измамници како Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Кочо Анѓушев. Сите тие се жртви на таа пропаганда.

 

Верувајте дека можете. Верувајте во себе бидете храбри и пркосни. Ќе бидеме заедно храбри и пркосни и ќе видите дека и невозможното станува возможно. Пред 22 месеца ми велеа ВМРО-ДПМНЕ е распадната партија, ВМРО-ДПМНЕ е поразена, ВМРО-ДПМНЕ е на колена. Ние верувавме во себе, верувавме во ВМРО-ДПМНЕ, верувавме во идејата, верувавме и работевме, па пак работевме и верувавме. Остваривме историски најголем резултат од опозиција на претседателските избори, со историски најдобриот кандидат за претседател што некогаш се појавил во трката за претседателските избори. А, сега ни преостанува сета оваа наша мака, сиот наш труд, целата оваа наша енергија, сето она коешто го вложивме во изминативе 22 месеци како опозиција да го потврдиме на следните предвремени парламентарни избори и сите овие политичари да ги пратиме на темната страна на историјата, а потоа без разлика на корените од дома и од надвор следува одговорност, од прв до последен за криминалот којшто му го направија на овој напатен народ, за сите уништени човечки судбини.

 

Знаат дека се виновни, знаат дека грешеле, знаат дека од правдата нема бегање  после 12 Април затоа сакаат сега на шверцерски начин да протнат тендери, да земат аванта  по принципот „кради-бегај“ затоа сакаат да го направат историскиот буџет од 4 милјарди евра пари на граѓаните, затоа што ќе се обидат тоа е нивниот код, тоа е нивниот ген мислат дека со пари се се купува. Не веруваат во честитост и чесност, не веруваат во родољубие, не веруваат во патриотизам они мислат дека клиентелата  и материјалното на народот во Македонија  е пред и над се. Мислат дека со минимално зголемување на пензиите коишто претходно максимално ги намалија, мислат дека со скромни 5% зголемени плати за администрацијата, народот во Македонија ќе заборави на сите предавства, на сите понижувања, арамилоци, криминалии и корупција, мислат дека овие неколку недели ќе го корумпираат народот.

 

Честит човек којшто знае дека работел честито и чесно нема од што да се плаши после 12 Април, после поразот се подава рака и се честита на политичкиот противник, но тие не се ни од далеку честити. Знаат што правеа овие три години и исплашени се затоа играат „all-in“ со вас, со вашите пари, со народните пери, не со нивните пари. Нивните пари се некаде на сигурно место надвор од Македониија. Во овој буџет играат „all-in“ вашите пари затоа што се исплашени и знаат  дека после 12 Април следи одговорност за криминалот, за пљачката и пустошот кои што ќе го остават позади себе, е затоа играа „all-in“.

 

Губеа до сега, ќе изгубат и на 12 Април, лето господово 2020 година, тоа им го ветувам“ порача Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.