Вучиќ: Работните дозволи за Србија ќе важат и во Северна Македонија и Албанија

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на граѓаните од Србија, Северна Македонија и Албанија да патуваат само со лична карта.

 

Со заедничко обраќање пред новинарите завршува состанокот на лидерите од Западен Балкан. Во Охрид денеска разговараа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и македонскиот премиер, Зоран Заев, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Ѕвиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.


На синоќешниот состанок Вучиќ, Заев и Рама постигнаа договор за заеднички работни дозволи и премин на границите без пасош. Како што објасни Вучиќ, договорот ќе овозможи во случај кога исти инвеститори работат во Србија и Северна Мекедонија, ќе можат да разменуваат работници и инжењери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.