Арсовски: Дали Алекс Сорос е новиот советник на Заев?

Зоран Заев е Претседател на Владата, а не претседател на невладина организација, иако во моментов е во заминување од позицијата премиер, така да после тоа ќе може по изборите со што сака да се занимава, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

 

„Кога Зоран Заев остварува средби, граѓаните имаат право да знаат за што се среќава и за што разговара особено после скандалозните контакти со познатиот Биг Мајк или пранкерите од Украина.

 

Што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос? Образложението на Владата дека разговарале за малиот шенген со Србија и Албанија е несериозно. Дали тоа значи дека Александар Сорос е нов советник на Зоран Заев?

 

Името на Џорџ Сорос се поврзува со бројни афери, матни зделки, изигрување на демократијата во одредени земји. Зоран Заев очигледно е дека преку своите конекции повторно сака да креира атмосфера пред изборите и за време на кампањата каде ќе може полесно да се обиде да ја украде волјата на граѓаните и сега за тоа ја бара поддршката од неговите сомнителни партнери кои вложија милиони за да го инсталираат на власт.

 

Предупредуваме, Зоран Заев да не прави дополнителни штети и да не излегува надвор од законот, затоа што одговорност ќе има после 12-ти април за се што сторил. Изигрувањето на законите и изигрувањето на волјата на граѓаните овој пат ќе го чини скапо и нема да може да се случи“ порача Арсовски.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.