Во очекување на средбата Макрон-Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, синоќа го пречека македонскиот претседател, Стево Пендаровски, во Париз.

 

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, објави Пендаровски на „Фејсбук“.

 

Како што претходно беше најавено, Пендаровски денеска треба да има средба со Макрон.

 

Македонскиот претседател во Франција ќе престојува до утре кога ќе се обрати на Парискиот мировен форум.

 

На настанот ќе присуствуваат над 30 шефови на држави и влади.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.