Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

 

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, стратешките определби на нашата земја за членство во ЕУ и НАТО, регионалните прашања и проширувањето на ЕУ.

 

По средбата, претседателот Пендаровски изјави дека разговорот со неговиот француски колега бил отворен, динамичен и ги слушнал аргументите на Макрон кои стоеја позади неговата одлука на 18-ти минатиот месец да се одложи давањето преговори на нашата земја.

 

Пендаровски оцени дека ситуацијата е расчистена по неколку точки.

 

„Макрон мисли дека новата методологија за прием на земји-членки треба да биде усвоена најдоцна до март. Му кажав дека ние не се согласуваме со никаква алтернативна на полноправно членство. Тоа може да трае со години. Тој рече дека никогаш немал намера да ни даде алтернатива на полноправно членство. Ми кажа дека сака да го подобри процесот, да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати“, рече Пендаровски.

 

Макрон му кажал на Пендаровски дека би можело да се очекува конечна одлука за отворање преговори во мај на Самитот во Загреб, но не му дал гаранции за добивање на датум.

 

Претседателот Пендаровски соопшти дека Емануел Макрон му најавил дека ќе ја посети Северна Македонија во првата половина на 2020-та.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.