Владата за нападот врз новинарите: Институциите итно да ги откријат и казнат сторителите

Владата најостро го осудува нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оценува како неприфатливи и недозволиви.

 

„Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата на Северна Македонија укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите.

 

Во оваа прилика, покрај она што го прави Владата во врска со обезбедувањето на демократските услови за почитување на слободите, уште еднаш апелираме и сите останати засегнати, обвинителството и судовите, како и организациите од граѓанскиот сектор, да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

 

Владата на Северна Македонија, како и досега, ќе се залага сите регистрирани попречувања на работата и напади врз новинарите и медиумските работници да бидат институционално расчистени“, се наведува во владиното соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.