Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа да изнесува 14.500 денари.

 

За пратениците на власта, покачувањето на минималната плата е исполнување на ветеното со изборната програма со која дошле на власт и дека не е предизборен потег, додека од опозицијата изјавија дека имаат забелешки на тоа зошто Законот се носи без да биде направена детална анализи за евентуалната штета што може да биде предизвикана врз економијата и бизнисот.

 

„Честитки до сите работници и работнички! Законот за минимална плата е изгласан во Собранието.Уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Секој граѓанин заслужува да има пристоен живот, затоа минималната плата од 9.500 денари на почетокот на мандатот, ја зголемивме на 14.500 денари.Го подобруваме животниот стандард на граѓаните и продолжуваме да се бориме Северна Македонија да стане поубаво место за сите“, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.