ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК потврди дека немало судир за интереси за малите хидроцентрали

„Зоран Заев лажел и заедно со неговите мегафони ширеле лажни вести кога измислуваа судир на интереси при изградба на мали хидроцентрали во кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал удел во минатото“, соопшти МВРО-ДПМНЕ.

 

Според партијата, ДКСК вчера со едногласна одлука потврди дека немало судир на интереси и дека концесиите за изградба се добиени уште пред Христијан Мицкоски да стане советник во владата.

 

„ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски. Заев свесно лажеше и ја манипулираше јавноста во обид да го прикрие сопствениот криминал.Зоран Заев е криминоген лик кој мисли дека сите се криминогени како него. Тој е единствен премиер во Европа неколкукратно аболициран за криминал.

 

За разлика од Заев, Мицкоски е чесен политичар, со принципи и вредности.Тие две крајности ќе се соочат на 12 април, кога граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу криминогениот измамник Заев со политиката „евро за Вицето, евро за црквата“ и политиките за обнова на Македонија кои имаат за цел Македонија да ја стават на брза трака кон ЕУ и општ економски напредок“, се додава во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.