Хелсиншки: 36 отсто од момчињата со хомосексуална определба размислуваат за самоубиство

„Образовниот систем е трул и не ги подготвува децата да живеат во општество на еднаквост и толеранција“, децидни се од Хелсиншкиот комитет за човекови права којшто денеска го одржа маршот на толеранцијата под мотото Едукација без дискриминација.

 

„Нашите истражувања покажуваат дека насилството меѓу учениците е големо и постои голема нетолеранција на различностите. Ова се однесува на меѓуетничка толеранција, родови разлики и сексуална определба“, изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

 

Според неа и натаму доминира размислувањето дека жените имаат улога на домаќинки, а мажите треба да имаат поголем авторитет. Исто така големи се навредите врз истополово ориентираните, па така 36 отсто од овие момчиња размислувале за самоубиство.Од организациите апелираат итно да се корегираат застарените наставни содржини и децата да се учат на толеранција и прифаќање на разликите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.