ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе да има политичари кои се „просечни бизнисмени“

Доаѓа крајот на владеењето на криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев. Се ближи крајот на погубните политики на политичари без визија и план, политичари за кои најважен е личниот бенефит, банда која на коцка ја стави иднината на сопствената држава, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

 

„Предизборниот период е период кога 'блескаат' лагите на Зоран Заев, но, за среќа, повеќе никој не му верува на измамникот, кој им носи само порази и понижувања на сопствената држава и народ.

 

Она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди е нова парадигма, морален кодекс кој ќе ја смени политиката во Македонија. Нема повеќе на македонската политичка сцена да има политичари кои истовремено се „просечни бизнисмени“. Нема да има ниту вечни политичари и функционери. Квалитетот ќе биде пресуден за кадровската политика. Доаѓа време кога мерит-системот конечно ќе профункционира во нашата држава.

 

Законот нема повеќе да биде само парче хартија, а правната држава ќе биде основа на нашето општество. Владата на ВМРО-ДПМНЕ избрана од народот ќе работи за народот и ќе биде достапна во секое време за граѓаните.

 

Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија и ќе стават крај на неговата тажна политичка кариера. Граѓанинот ќе избере обнова, наместо заевизам и ќе стави крај на деспотизмот. Следува обнова за Република Македонија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.