СДСМ: Заклучоците на ММФ потврдуваат дека ја стабилизиравме економијата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Ноември 2019
Меѓународниот монетарен фонд потврдува дека економијата на Република Северна Македонија тргна на прав пат и ги поздрави реформите во насоките на сузбивање на сивата економија, велат од СДСМ преку соопштение.
Според владејачката партија, заклучоците на ММФ јасно покажуваат дека одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст.
„За истакнување е дека невработеноста достигна историски најниски 17.5 отсто, тоа е доказ дека реформите на Владата предводена од СДСМ се на прав пат. Отворени се нови 50.000 работни места, наместо на споменици, жални врби и лажен барок на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше пари, денес СДСМ обезбедува раст на плати и пензии, стабилизација на пензискиот фонд, поддршка на приватниот сектор и повеќе пари во секој семеен буџет.
Наследивме економија со минус 1.8 проценти економски раст, а денес имаме раст на економијата за над 4 отсто. Минималната плата порасна за 5.500 денари, а просечната за 2.000 денари. СДСМ продолжува со имплементација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните“, нагласува СДСМ во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс